Утрински Весник
Македонија

Макрадули: Обединување околу Македонскиот зелен договор, како една одржлива платформа во борбата за зачувување на природата и заштитата на животната средина

Макрадули: Обединување околу Македонскиот зелен договор, како една одржлива платформа во борбата за зачувување на природата и заштитата на животната средина

Скопје, 5 јуни 2020 

Денес е Светскиот ден на животната средина, кој се организира под мотото: “Време è за природата”. Сите анализи укажуваат дека и COVID-19, како и сите други останати вируси се последица на однесувањето на човекот кон природата и дивиот жив свет. Постои тесна поврзаност помеѓу човечките активности и природата, и во таа насока постојано се укажува на потребата од преземање на чекори токму во овој период на пандемија. Па така, во новата нормалност, од секој од нас се очекува дека ќе се вратиме посилни, подобри и заедно ќе придонесеме и изградиме подобра и поодржлива животна средина.

Затоа и Светскиот ден на биодиверзитетот го има истото мото “Нашите решенија се во природата”, ставајќи акцент на заедничката акција за зачувување на природата, а сè со цел достигнување и остварување на Целите за одржлив развој.

Во изминатите три години, активностите на министерството во насока на заштита на природата, иако ги има поприлично многу, за жал, беа во сенка на другите сегменти од областа на животната средина, пред сè на аерозагадувањето и отпадот.

Така на пример, во однос на:

Националната легислатива

• Изработен е нов Закон за заштита на природата и истиот е во фаза да донесување;
• Отпочната е постапка за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел;
• Отпочната е постапка за прогласување и на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата II национален парк;
• Отпочната е постапка за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V-заштитен предел;
• Прогласени се пет природни реткости, вклучително и старото Платаново стебло во Охрид, како придонес за зачувување на природните вредности на национално ниво;
• Донесен План за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, како обврска од Конвенцијата за заштита на светско културно и природно наследство (УНЕСКО);
• Донесен Планот за управување со споменик на Вевчански Извори со Извештај за стратегиска оценка;
• Подготвени се Нацрт-планови за управување со спомениците на природата Маркови Кули и Преспанско Езеро;
• Изработен е предлог Акциски План за борба против отрови за диви животни, во соработка со Македонско Еколошко Друштво;
• Изработен е 6-от Национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD).

Националните паркови

НП ГАЛИЧИЦА
• Донесена одлука за целосно запирање со директното искористување на природните ресурси, т.е. прекин на производството на огревно дрво;
• Ревитализација на системот на патеки (во вкупна должина од 202,6 километри) и обновување на информативните табли и патокази;
• Оформен и репродуктивниот центар за европски елен, со дополнително внатрешно оградување за: центар за спасување и рехабилитација за повредени и конфискувани животни, како и прилагодлива (карантинска) област;
• Реновирана и едукативната патека „Галичица на дланка“.

НП ПЕЛИСТЕР
• Изработка на Арборетум (Ботаничка градина со видовите од Пелистер) која има за цел да помогне во самоодржливоста на Паркот и заштита на видовите;
• Изградба/реконструкција на 80км пешачки и велосипедски патеки низ Пелистер (од Битолска страна поврзување до Брајчино во Преспа);
• Завршена е комплетно обуката за собирачите на шумски плодови;
• Подготвена е Студија за водата како екосистемска услуга;
• Набавена е опрема за детектирање и заштита од пожари, ИТ опрема, а паркот опремен со 3 пикап камионет возила со цел да се овозможи подобра заштита во рамките на паркот;
• Со цел подобрен мониторинг, набавена е опрема за мониторинг на живеалишта и видови;
• Поставени GPRS мониторинг фото замки.

НП МАВРОВО
• Изработка на нов туристички веб портал на НП Маврово;
• Реализација на проектот “НП Маврово за младите- едукација, партнерство, иднина;
• Реализација на проектот “Развој на туризмот во Мавровската долина”;
• Програма за заштита на Балканскиот рис;
• Реализација на проектот за подобрување со управувањето на заштитените подрачја;
• Реализација на проектот “Напредни системи за превенција и рано откривање на шумски пожари”;

Заштита на диви видови

• Изготвена е првата Национална Црвена листа за херпетофауна (водоземци и влекачи) согласно критериуми, насоки и процедури на Светската унија за заштита на природата (IUCN);
• Изработена е Веб страница на МЖСПП на Националната Црвена листа, со податоци од извршените проценки и конзерваторски статус за сите 46 водоземци и влекачи на национално ниво и за 14-те васкуларни растенија.
http://redlist.moepp.gov.mk/pocetna/.

Прекугранична соработка и меѓународни иницијатива за заштита на природата

• Започнати проектни активности за НП Пелистер, НП Галичица и СП Преспанско Езеро и Езеран – Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ);
• Доставено е Досие за номинација на локалитетот Длабока Река во НП Маврово на Прелиминарната листа на УНЕСКО за старите букови шуми до Светскиот центар на УНЕСКО во Париз;
• Изготвена е предлог апликација за номинација на Охридско Езеро и Студенчишко Блато на Листата на Рамсарската Конвенција, во соработка со невладиниот сектор;
• Изработена е Зелената агенда за Западен Балкан каде во соработка со DG NEAR I DG ENV активно ќе се работи на регионалнот пристап и подобрување со управување со биодиверзитетот на регионално ниво;
• Дадено писмо за поддршка за проект за Зелен климатски фонд.

Проектни активности

• ГЕФ/УНЕП Проектот “Постигнување заштита на биодиверзитет преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирање на користење на земјиштето” (STAR 5) започнаа активности за:

– идентификација на шуми со високи природни вредности и

– беше одредена квота за одржливо собирање на мешкино грозје,

– изработка на Студија за валорзација на Шар Планина и

– Црвени Листи за водоземци, влекачи и 14 васкуларни растенија;

• ГИЗ Проектот за Заштита и одржливо користење на биодиверзитетот на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро (CSBL);
• Проектот “Програма за зачувување на природата на Македонија”, Фаза II финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка“ (SDC), кој е фокусиран на сливно подрачје на река Брегалница;
• Проектот „Поддршка за изработка на 6-от национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разнповидност (CBD)“ – УНЕП
• ГИЗ Проектот „Управување со податоци за биодиверзитет и известување“
• Регионален ЕУ проект: Програма за партнерство за животна средина во процесот на пристапување (ЕППА) за Западен Балкан и Турција во кој МЖСПП активно учествива во делот за природа и шумарство
• Проект поддржан од ЕБОР кој поддржува “Програмата за градење на капацитетите на биолошката разновидност”.
• ЕУ/УНДП Проектот “Унапредување на управувањето со заштитените подрачја” (Грантова шема).

Покрај досега сработеното, концептот на Македонскиот зелен договор особено посветува внимание на закрепнување на природата со нејзиното враќање во урбаните центри. Со Nature-based-solutions, односно со “носењето на природата” во урбаните центри, многу запуштени катчиња ќе бидат претворени во оази на природата. Па така, покрај хотелите за луѓето, реалност ќе бидат и хотелите за пчелите и другите инсекти. Ќе има многу повеќе зеленила, кои ќе разубавуваат, но, кои истовремено ќе го намалуваат загадувањето.

Да заклучам, борбата за заштита на природата не може и не треба да зависи од свесноста, посветеноста и амбициозноста на поединци. Тоа не е доволно.

Нам ни треба обединување околу една, единствена, одржлива платформа, а Македонскиот зелен договор е токму тоа.

Јани Макрадули – заменик министерот за животна средина и просторно планирање

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола