Утрински Весник
Македонија

Најголем дел од регистрираните активни случаи на ковид-19 се во скопските општини Чаир, Бутел, Сарај и Аеродром (инфографик)

Најголем дел од регистрираните активни случаи на ковид-19 се во скопските општини Чаир, Бутел, Сарај и Аеродром (инфографик)

Министерството за здравство информира дека според Институтот за јавно здравје, во Скопје заклучно со вчера активни се 450 лица позитивни на Ковид-19, или дадено по општини: во Чаир активни се 111, Бутел – 54, Сарај – 48, Аеродром – 45, Гази Баба – 42, Центар – 28, Карпош – 26, Кисела Вода – 18, Арачиново – 17, Студеничани – 17, Ѓорче Петров 15, Илинден 11, Шуто Оризари – 9, Петровец – 5, Чучер-Сандево – 2, и Сопиште – 2.

Од денеска од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро, се ограничува движењето на граѓаните на сите општини од град Скопје.

„Скопје е една функционална единица. Многу луѓе, покажаа и анкетите од прашалникот со заболените, со нивните контакти, дека циркулираат низ целиот град. Со оваа мерка го штитиме целиот град Скопје,“ истакна министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конфекција.

Институтот објави и податоци за бројот на заболени во Тетово и општините што гравитираат околу Тетово каде вкупно се регистрирани 88 случаи. Од нив, 63 во Тетово, Теарце – 15, Брвеница – 4, Боговиње – 4, и по еден во Јегуновце и Желино.

Освен во Скопје, Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето во Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, како и општина Карбинци.

Во сите други градови полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. Во петок, сабота и во недела полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра