Утрински Весник
Политички Партии

Соопштение од СДСМ за однесување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да крева партиска хистерија, сите предлози да ги доставува преку Наќе Чулев, нивен претставник и министер во Владата

 

Скопје, 5 јуни 2020

Разголена е лажната грижа на Мицкоски за здравјето на граѓаните, тој се грижи само за личните задоволства и партиските интереси
Јавноста беше сведок на незрелото и неодговорното однесување на Христијан Мицкоски, кој без срам ги прекрши мерките и задолженијата за спречување на заразата од коронавирусот.
Се што видовме изминатиов период од Мицкоски, кога се соочуваме со здрваствена криза, беше непочитување на мерките, деструкција, ширење лажни вести.
Мицкоски само тоа има да им го понуди на граѓаните.
Мицкоски треба да се засрами од своето однесување кое е директен доказ зошто се соочуваме со втор бран, и дека тоа е од непочитување на мерките и неказнување од МВР, а не зашто владата нема добра стратегија.
Мицкоски нема никаков однос и одговорност ниту за болните, ниту за докторите, ниту пак за оние кои поради таквите како него, коишто не ги почитуваат мерките сега мораат да ги трпат рестриктивните мерки.
ВМРО-ДПМНЕ преку примерот на Мицкоски намерно и организирано не ги почитува мерките, надевајќи се на зголемување на бројот на заболени.
Дополнително, злоупотребувајќи ги своите инсталации во МВР се обидуваат да ги сокријат трагите од прекршувањата на законите.
За Мицкоски е јасно дека неговата теретана и неговите кафеани се поважни од здравјето на луѓето.
Разголена е неговата лажна грижа за граѓаните, за иднината на државата. Единствено за што се грижи Мицкоски е да биде попривилегиран во однос на останатите граѓани, да ја злоупотребува својата позиција и да ги крши законите за лични задоволства и партиски цели.
Срамот од ова однесување е голем, но одговорноста е поголема.  Во оваа ситуација, политичарите мора да бидат пример за однесувањето на граѓаните, а не причина за нови пикови.  Срамота!  Граѓаните ќе ценат и ќе судат за незрелиот однос на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт