Утрински Весник
Спорт

Бејл не сака да се врати во Премиер лигата

Тотенхем подава рака на несаканиот Бејл

Мадрид, 4 јуни 2020 (МИА) – Герет Бејл не сака да се врати во Премиер лигата и најверојатно ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид. Ова го сподели агентот на велшкиот репрезентативец Џонатан Барнет.

Триесет-годишниот играч долго време се поврзува со враќање во Англија, откако во Шпанија објавија за затегнати односи меѓу него и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Герет Бејл речиси се приклучи на кинески тим минатото лето, но договорот пропадна во последната минута.

– Тој има многу пријатен начин на живот. Не гледам зошто тој не треба да продолжи во Реал Мадрид, вели агентот.

Велшанецот со години се поврзува со враќање во Премиер лигата. Тој во последниве недели се поврзува со неговиот поранешен клуб Тотенхем и Њукасл.

– Како што секогаш сум велел, Гарет е среќен во Мадрид. Тој сака да го контролира својот живот. Финансиски, тој нема за што да размислува до крајот на животот, како и неговите деца и внуци. Тој има освоено скоро сè на светот освен Светскиот куп, но за жал игра за Велс, па некои работи не зависат од него. Гарет освои се друго и би било неверојатно да се врати во Премиер лигата. Мислам дека не сака да го стори тоа сега. Тој е среќен што игра за Реал Мадрид, изјави Барнет.

Откако се приклучи на Бернабеу во 2013 година за рекордни 85 милиони фунти, Герет Бејл четири пати ја освои Лигата на шампионите, како и Ла Лига и Кралскиот Куп по еднаш. Велшанецот додаде три титули на Светското клупско првенство во својата колекција, исто толку Суперкупови на УЕФА и еден Шпански Суперкуп.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швjонтек освои бронзен медал на Олимпијадата во Париз

Претседателот на МОК Даниел Димевски се сретна со Макрон

Словачка пливачка колабира по учеството во серијата на 200 метри мешано