Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп и Крушево 30 лица обвинети за непочитување на полицискиот час

Казни за 12 тетовци за прекршување на полицискиот час за викендот

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Припепското Основно јавно обвинителство до основните судови во Прилеп и во Крушево поднесе предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 30 лица кои го прекршиле полицискиот час.

– Непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, обвинетите сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.

Од ОЈО посочија дека надлежен јавен обвинител му предложил на Судот за секој од обвинетите да определи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​ см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕУ известувачот тврди: Интервјуто е старо, не ја отсликува сегашната реалност на Македонија

Пешевски: Автопатот Кичево-Охрид е бунар без дно – милијарда евра потрошени, крај нема!

Пешевски: Секој ден на градилиште е бинго – дали ќе се вратиш жив дома