Утрински Весник
Македонија

Општина Гостивар промовира инвестиции во ОУ „Единство“

Општина Гостивар промовира инвестиции во ОУ „Единство“

Гостивар, 4 јуни (МИА) – Гостиварската локалната управа промовираше дел од инвестициите во основното училиште „Единство/Башкими“ и најави подновувања во останатите училишни објекти. Училиштето од денеска има реконструирана спортска сала, тоалети и наставничка канцеларија.

– Ова е дел од програмата за подобрување на условите во училиштата и тие да бидат подостоинствени за учениците. Освен во централното „Единство“, инвестиции има и во објектите кои се водат како подружници. Тука заеднички со УСАИД инвестиравме во спортска сала на што сум им благодарен, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Одговорната за секторот образование во општина Гостивар, Аслијан Снопче напомена дека инвестициите се реализираат без поддршка на ресорното министерство. Во подновувањето на училишната зграда се вложени околу 60 илјади евра, средства обезбедени од општинскиот буџет и донации.

– Инвестициите во образованието ни е приоритет, иако тоа не е наша обврска туку на министерството за образование и наука. Планираните средства за улици и други инфраструктурни зафати, ги пренаменување. Целта е децата да добијат подобри услови.

Со најновата реконструкција, училиштето доби и чекална за родители, целосно подновени две училници со инвентар за првачиња, бојосување на внатрешноста на објектот и нови скали. згм/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петковски: Македонија троши 44 милиони евра годишно за осигурување од несреќи, но парите завршуваат во „буџетска дупка“

Муцунски: Владата посветено работи на реформите, целта е да бидеме лидери во регионот

Стојчевски: Фирми плаќаат по 14 казни и продолжуваат со небезбедни градилишта