Утрински Весник
Македонија

Врачени уште осум респиратори – донација од ЕУ

Врачени уште осум респиратори – донација од ЕУ

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Донацијата од Европската Унија од уште осум уреди за механичка вентилација (респиратори) и различни единици на лична заштитна опрема, денеска беше предадена како поддршка за земјава во справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Со денешната донација и претходно дониратите 12 респиратори се заокружува бројката од 20 респираторни машини кои се набавени дел од 4 милиони евра кои што ЕК ги стави на располагање за итните медицински потреби на земјата за справување со ковид кризата. Помошта вклучува и десет перфузори и редуктори за кислород, и огромна количнина на заштитна опрема како 750 илјади хирурпки ракавици, и десетици илјади заштитни скафандери, наметки, очила и маски кои дел веќе се кориостат од здравствените институции.

На настанот на кој присуствуваа евроамбасадорот Самоел Жбогар и министерот за здравство Венко Филипче, Националниот координатор на странска помош во земјава и вицепремиер за европски прашања Бујар Османи истакна дека помошта е обезбедена преку широка соработка со ЕУ и земјите членки, а особено е важно што доаѓа во време кога се соочуваме со нов бран на ширење на коронавирусот.

-Факт е дека при спртавување со пандемијата секоија земја мора да најмногу да се потпре на сопствените капацитети и на одговорното однесување на сопствените институции и на сопшствените граѓани. Но добро е да се знае дека во справувањето со оваа криза и со сите други предизвици никогаш нема да бидеме сами туку секогаш ќе ја имаме поддржшата и ќе бидеме дел од заедничкиот европски одговор во овој период. Важно е и што ние се наоѓаме пред самиот старт на преговорите со ЕУ и по прв пат чувствуваме како да сме дел од внатрешното прашање на ЕУ и значат солидарност и поддршка за земјата кога ви е најпотребна, рече Османи.

Тој се заблагодари на ЕУ за помошта, како и на Канцеларијата на УНОПС во земјава која со администрацијата на СЕП овозможија непречена набавка и транспорт на опремата во земјава.

Евроамбасадорот Жбогар истакна дека со донацијата вредна 4 милиони евра ЕУ продолжува континуирано да ја покажува солидарноста со земјава на дело, а веќе се најавени и 40 милиони евра за социо-економското опоравување на земјмата и 160 милиони евра како заем за кој веќе е постигната согласнст со Владата. Исто така, додаде, околу 330 илјади евра од проекти кои се во тек на реализација Ќе бидат пренаменети за да одговорат на потребите за справување со коронавирусот. Тој упати и апел до граѓаните за почитувањее на превентивните мерки.

-Имате навистина посветен медициснки персонал во земјата, имате и посветени партнери кои се тука за да ви помогнат со потребната медицинска опрема. Но ни требна и посветена јавност, посветени граѓани кои ќе се однесуваат во согласност со насоките на медицинските власти – да носат заштитни маски за лице, почесто миење на раце и да држат социјална дистанца, за да им помогнеме на медицинскиот персонал, за да можеме да излеземе од карантин и да го планираме летото, рече Жбогар.

Според министерот Филипче ЕУ беа едни од првите кои понудија помош и таа пристигна кога е најмногун потребна, а тоа е уште еден доказ дека ЕУ е наш најголем партнер.

-Овие осум респираторни мшини и претходно донираните 12 кои се веќе распоредени во здравствените установи веќе се кориостат за третман на пациенти, а таму каде нема пациенти со ковид и за друга индикација. Еден сериозен чекор напред во смисла на зајакнување на напиот здравстев систем посебно каде е најпотребно, а тоа се одделенијата за интензивна нега, рече Филипче и додаде дека со следниот проект кој го понудила ЕУ ќе бидат опремени сите одделенија за интензивна нега во болниците ширум државата.

Европската Унија за земјава вети поддршка од четири милиони евра за набавка на итни медицински материјали за заштита и лечење на КОВИД-19. За нешто повеќе од еден месец, ЕУ во соработка со UNOPS – Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги и во координација со Секретаријатот за европски прашања веќе достави 12 уреди за механичка вентилација и околу еден милион единици на различна медицинска опрема и единици за лична заштита за медицинските работници. Од Делегацијата на ЕУ најавија дека до крајот на месецов ќе ги испорачаат сите преостанати првично планирани производи и покрај ограничената расположливост и високата побарувачка за специјализирана медицинска опрема и материјали за лична заштита. вг/са/

Врачување донација од ЕУ

Posted by MИА.mk on Четврток, 04 јуни 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег