Утрински Весник
Македонија

РЕК „Осломеј” ќе се реактивира во сабота

РЕК „Осломеј” ќе се реактивира во сабота

Кичево, 4 јуни 2020 (МИА) – Според соопштението издадено од дирекцијата на РЕК „Ослормеј” кај Кичево, се информираат граѓаните дека во координација со Електрани на С. Македонија и Владата на нашата земјата, од сабота ќе почне вклучувањето на термоцентралата „Осломеј“.

Од РЕК „Осломеј“ наведоа дека процесот ќе трае до 21 јуни. За време на започнувањето на работниот процес потребно е да се запали јаглен и да се загрее котелот се додека не се постигне соодветната температура со мазутот, во овој случај чадот што ќе излегува од оџакот ќе биде густ и црн. Доколку се одвива процесот како што треба, од полноќ во сабота ќе се активира турбината на електраната.

– Истовремено им гарантираме на граѓаните дека ќе бидат елиминирани сите штетни честички што ќе излезат со самото активирањето на електронските филтри и чадот во оџакот што станува црн, но нема да биде штетен по нивното здравје .Затоа апелираме до населението да не подлегне на разни дезинформации што обично се шират на социјалните мрежи, се вели во соопштението на дирекцијата на РЕК ” Осломеј” во Кичево.рз/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јаневска: Имаме лоша демографија, празните училници се последица на помалиот број раѓања

Јаневска: Децата ќе ги завршуваат обврските од 8 до 16:30 во училиште, дома ќе имаат време за семејството

Јаневска: 252 студенти се одбиени, дел поднеле некомплетна документација