Лос Анџелес, 4 јуни 2020 (/) – Познатиот разголен фотопортрет на Џенифер Анистон оди на продажба, заради собирање парични средства за борбата против корона-епидемијата во САД.
„Мојот драг пријател @markseliger се здружи со @radvocacy и @christiesinc заради аукцијата со 25 негови портрети – вклучувајќи го и мојот – со цел ублажување на ефектите на Ковид-19“, објави глумицата на Твитер.
Актот-портрет е дело на познатиот фотограф Марк Салигер, и настанал во самите почетоци на светската треска наречена „Пријатели“, во 1995 година, кога Анистон имала 26 години. си/сд/