Лондон, 4 јуни 2020 (МИА) – Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, објави дека клубот ќе биде подготвен да го продаде играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ кога ќе се отвори трансфер прозорецот, пренесува „Дејли мејл“.
ПСЖ, Манчестер јунајтед, Челзи и Тотенхем се заинтересирани за српскиот репрезентативец.
Фудбалерот има пет гола и седум асистенции на 31 натпревар за Лацио во сезоната 2019/20.
Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 64 милиони евра. зс/