Скопје, 3 јуни 2020
Општина Гази Баба и општина Хани Елезит од Република Косово преку меѓу гранична соработка заеднички учествуваме во проектот за заштита на животната средина и подобрување на системите за отпадни води во населените места, кој е поддржан од страна на Европската унија.
Денес на овој работен состанок имавме можност од блиску да се запознаеме со проектите на работните тимови и да се искоординираме за идните чекори. Поради пандемијата овој состанок го одржавме и електронски.
Проектот е поддржан од Европската Унија за заеднички активности за заштита на животната средина преку подобрување на системите за отпадни води и канализација има за цел да ги мотивира и поддржи жителите во двете општини за унапредување на свеста за придобивките од заштита на животната средина.
Токму затоа проектите со кои учествуваме го нудат токму тоа, односно изградба на фекален колектор во населеното место Смилковци општина Гази Баба и изградба на фекален колектор во населеното место Сечиште општина Хани Елезит.
Убеден сум дека во следните активности и работилници меѓу двете општини на тема заштита на животната средина во двете општини, како и изработка на нов Локален еколошки акционен план за периодот 2020-2026 дополнително ќе придонесе во подобрување и заштита на животната средина во нашите две општини, а со тоа и подобар и поздрав живот за граѓаните.
Одделение за односи со јавност на Општина Гази Баба
____________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.