Утрински Весник
Спорт

Смолинг не сака да се врати во Јунајтед

Стоп за Смолинг од Манчестер јунајтед

Рим, 3 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот на Рома, Крис Смилинг изрази желба да остане во клубот од „вечниот град“, информираше денес „Кориере дело спорт“.

Централниот дефанзивец, кој е на позајмица на „Олимпико“ од Манчестер Јунајтед, ги уверил шефовите на „волците“ дека сака да остане во Италија.

Двата клуба се во напредни преговори и голема е веројатноста Англичанецот да го продолжи престојот кај „Римјаните“.

Крис Смолинг веќе има одиграно 21 натпревар за Рома, постигнувајќи 2 гола и 1 асистенција.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Златното девојче“ од Македонија ја освојува Европа: Меланија Грозданова во фокусот на Јувентус и европските скаути

Иран не би требало да настапи на СП2026 од безбедносни причини

Лазаров повика 19 ракометари за дуелот со Австрија