Утрински Весник
Економија

За два дена поднесени 27.100 барања за финансиска поддршка за мај

Мицкоски: На економијата и требаат итни мерки и пари веднаш

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Вкупно 27.100 барања се поднесени за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај. Овие барања, како што соопшти Управата за јавни приходи, се поднесени од работодавачите и сомовработените лица во заклучно со вториот ден од јуни.
– За мерката – Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени. За мерката – Финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020, образец БФП-ИП поднеле 20.127 компании од кои 16.610 барања се прифатени. За мерката – Субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании од кои 1.909 барања се прифатени, наведуваат од Управата за јавни приходи.
Од УЈП додаваат дека мерките се реални, мерките се остваруваат и повикуваат да се  поднесат барање БФС-СВД или БС-ПЗСО до 5 јуни, односно барање БФП-ИП до 7 јуни. скс/сп/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик