Утрински Весник
Македонија

Подобрено осветлувањето на Гевгелија со нови лед сијалици

Подобрено осветлувањето на Гевгелија со нови лед сијалици

Гевгелија, 3 јуни 2020 (МИА) – Од влезот на Гевгелија до кружниот тек на булеварот, заврши акцијата за замена на старите натриумови со нови 95 лед сијалици кои овозможуваат подобро осветлување и заштеда во потрошувачката на електрична енергија од 612.000 денари годишно.

Покрај ова променети се и лед арматурите во продолжение од кружниот тек до крајот на булеварот кон западниот дел од градот, поточно до подножјето на населбата „Караорман“, потврдија од Одделението за комунални дејности на општина Гевгелија.

– Поставувањето на новото осветлување со лед сијалици, на дел од сообраќајниците и локалните патишта во зоните на живеење, има цел дополнително да ја зголемиме енергетската ефикасност на системот за улично осветлување, да заштедиме од потрошувачката на електрична енергија и, што е исто така многу значајно, да ја подобриме сообраќајната и социјалната безбедност на граѓаните, рече градоначалникот Сашо Поцков. им/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево време со мала до умерена облачност

Откако ја раскажа семејната агонија: Надлежните презедоа мерки, таткото ќе биде хоспитализиран

Петровска со јавен повик до Меланија: Контактирај ме веднаш, ќе помогнеме со сместување и нема да ве оставиме сами