Утрински Весник
Македонија

Родителите на деца кои ги посетуваат градинките во Куманово нема да плаќаат надоместок за градинка од 11 март

Родителите на деца кои ги посетуваат градинките во  Куманово нема да плаќаат надоместок за градинка од 11 март

Куманово, 2 јуни 2020 (МИА) – Родителите на деца кои ги посетуваат осумте објекти од кумановската детска градинка „Ангел Шајче“ нема да плаќаат месечен надоместок од 11 март, годинава, одлучија советниците на последната седница на Советот.
Од секторот за култура, спорт, социјална, здравствена и заштита на децата од општина Куманово ја доставија одлуката во која се вели дека предлагач е Управниот одбор на градинката.

Пресметувањето на надоместокот од ставот 1 на овој член се однесува за периодот од 11 март 2020 година до повторното отворање на Установата, која согласно заклучоците, мерките и препораките усвоени од страна на Владата на РСМ на 15-тата седница одржана на 10.03.2020 година, беше затворена и беше прекинат воспитно-образовниот процес поради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, се наведува во одлуката.

Советниците од власта и опозицијата на седницата се расправаа кој ја поднел иницијативата за укинување на надоместокот за плаќање. Тие на претходните седници, изгласаа и намалување на фирмарината и ги ослободија угостителите и другите субјекти од плаќање на комуналната такса до крајот на годината. ам/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот