Утрински Весник
Македонија

Уште еден пазарен ден за кумановскиот добиточен пазар

Уште еден пазарен ден за кумановскиот добиточен пазар

Куманово, 2 јуни 2020 (МИА) – Надлежните од Јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово денеска соопштија дека среда ќе биде нов пазарен ден на добиточниот пазар во село Долно Којнаре. Покрај сабота, се воведува уште еден нов пазарен ден – среда, велат од претпријатието.
Оттаму појснуваат дека новиот пазарен ден ќе функционира само за време на летниот и зимскиот распуст, на иницијатива на управниот одбор на претпријатието, а одлуката е донесена на седница на Советот на Oпштината.
– Многу е важно корисниците на нашите услуги да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Општинскиот кризен штаб, изјави Илир Саити, директор на претпријатието.
Ова е повеќегодишна иницијатива за уште еден пазарен ден на месопроизводителите и трговците со стока. Добиточните пазари беа отворени на 4 мај. ам/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор