Утрински Весник
Македонија

„Сите заедно можеме“ почна со реализација на хумана помош за граѓаните во Казнено поправните домови

„Сите заедно можеме“ почна со реализација на хумана помош за граѓаните во Казнено поправните домови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Граѓанското здружение „Сите заедно можеме“ после акциите за донација на хуманитарни пакети за ранливите групи граѓани почна со реализација на хумана помош за граѓаните кои се наоѓаат во Казнено поправните домови и установи.

Како што соопшти здружението, хуманитарната помош вклучува пакети со средства за лична хигиена и одредена количина прехранбени производи.

– Свесни дека глобална пандемија со коронавирусот предизвика последици врз економијата и погоди многу наши граѓани, во духот на солидарноста, овде сме да им помогнеме на најпогодените, на ранливите категории, но и сите оние кои им е потребна помош, велат од здружението.

Нашата цел, посочуваат оттаму, е да опфатиме што повеќе Казнено поправни домови и установи.

– Солидарноста и меѓусебното помагање се нашата водилка. Тука сме за сите граѓани, тука сме да помогнеме. Знаеме дека државата обезбедува услови за овие наши сограѓани, но сметаме дека во ова време помошта им е неопходна и на нив, се наведува во соопштението. мс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До февруари се очекува да заврши рехабилитацијата на патниот правец преку превојот Пресека, најави Николоски

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Почнуваат пообилни врнежи од дожд и од снег