Утрински Весник
Македонија

МТСП: Во тек е исплата на правата од социјална и детска заштита за мај

МТСП: Во тек е исплата на правата од социјална и детска заштита за мај
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец мај.

-Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа денеска 2 јуни – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;  3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О; и 4 јуни (четврток) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш, се вели во соопштението од МТСП.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денес, 2 јуни.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра. сст/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките

Миноски: Економските мигранти се последно решение за проблемите на пазарот на труд

СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ, власта сака целосна контрола