Утрински Весник
Спорт

Ди Марија има несоница и депресија поради паузата во сезоната

Ди Марија: Ако одам во Барселона, тоа ќе биде поради Меси

Париз, 2 јуни 2020 (МИА) – Лекарот на Пари Сен-Жермен изрази загриженост до раководството на клубот за состојбата на играчот од средниот ред Анхел Ди Марија.

Триесет и двегодишниот Аргентинец страда од несоница и доживува периоди на депресија, објави „ГФФН“ повикувајќи се на „Ле Парисиен“.

Веројатна причина за ваквата состојба на Ди Марија е предвременото прекинување на сезоната во Лига 1, по што ПСЖ беше признат за шампион, додека последните натпревари се играа во март.

Според изворот, сопругата на Ди Марија им кажала на роднините дека нејзиниот сопруг се однесува како зомби. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026