Утрински Весник
Економија

Индустриското производство во САД на 11-годишниот минимум

Индустриското производство во САД на 11-годишниот минимум
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вашингтон, 2 јуни 2020 (МИА)Производствената активност на САД го ублажи падот во мај, иако се уште е на 11-годишниот минимум.
Како што пренесуваат странските агенции, закрепнувањето од кризата со коронавирусот, сепак, може да трае со години поради големата невработеност.
Американскиот Институт за управување со снабдување (ИСМ) вчера соопшти дека неговиот индекс на индустриска активност во земјата се зголемил на 43,1 поени во мај, од 41,5 поени во април, најниско ниво од април 2009 година.
Индикаторот под 50 поени укажува на намалување на индустриското производство, што сочинува 11 проценти од американската економија.

Ова е прв пораст на индексот ИСМ од јануари, што според регионалните истражувања укажува на подобрување на производството во мај и потврдува дека економската активност во април се спушти на дното.

Американската економија падна за 5,0 проценти меѓугодишно во првиот квартал, што е најлош резултат од рецесијата 2007-2009 година.

Се проценува дека бруто домашниот производ (БДП) ќе се намали за дури 40 проценти во вториот квартал, што би претставувало најголемо намалување на производството од Големата депресија во 1930-тите. паг/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП

МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании