Утрински Весник
Македонија

Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите

Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат.
Превозниците треба да водат сметка и за бројот на патниците што ќе се превезуваат, а максимална искористеност, според владината уредба, е до 50 отсто од капацитетот на возилата.
ЈСП Скопје соопшти дека поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19, од денеска е укинат бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во вторник, петок, сабота и недела, што беше воведен минатата недела.
Автобусите на ЈСП Скопје“ сообраќаат во текот на целиот ден без временско органичување, по саботен возен ред. бт/бак/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Првиот министер за правда Туше Гошев: Со мудра политика дојдовме до независност без човечки жртви

Книга стара 460 години се чува во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Не се гласаше само во Македонија: Како дијаспората учествуваше во историскиот референдум во 1991 година