Истанбул, 2 јуни 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Тијаго Силва може да ја продолжи кариерата во Турција.
Според турскиот портал „Фотомач“, Фенербахче е заинтересиран за 35-годишен Бразилец, чиј договор со парижаните завршува во јули.
Во сезоната 2019/20, Силва одигра 30 натпревари за ПСG, има 1 гол и 1 асистенција. Бразилецот настапува за ПСЖ од летото 2012 година. зс/