Утрински Весник
Македонија

Непречено и безбедно почна уписот на првачињата во Прилеп

Непречено и безбедно почна уписот на првачињата во Прилеп

Прилеп, 1 јуни 2020 (МИА) – Процесот на уписот на првачињата во прилепските основни улилишта течеа без проблеми. При приемот на децата и на родителите во училиштата се запазени сите мерки за заштита и се очекува во текот на месецов да се запишат 912 првачиња.

Според Каролина Николоска, советник за образование во прилепската локална смаоуправа, процесот тече без проблеми.

– Внимателно се применети сите мери за заштита при денешниот почеток на уписот на прваќињата во 7-те основни училишта во градот и 3-ите во населените места.  Се применуваат сите мерки од мерење темепратура при влезот, дезинфекција и просторна дистанца при комуникацијата. Се запазува периодот од 20 минути при приемот на едно до приемот на друго дете. Процесот е непречен, изјави Николоска.

Процесот со сите мерки ќе трае цел месец. ем/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание