Утрински Весник
Спорт

Јунајтед со првиот трансфер за време на пандемија

Агентот на Игало потврди дека Манчестер јунајтед е близу до продолжување на закупот на играчот до јануари
Dik 300x250 mk

Манчестер, 1 јуни 2020 (МИА) – Манчестер јунајтед ќе го продолжи закупот на напаѓачот на Шангај Шенхуа, Одион Игало, објави прес-службата на „црвените ѓаволи“.

Неговиот тековен закуп требаше да истече во недела навечер, но нов договор беше постигнат до јануари 2021 година.

– Манчестер јунајтед постигна договор со Шангај Шенхуа за продолжување на закупот на Одион Игало. Престојот на нигерискиот напаѓач првично беше предвидено да истече на 31 мај, но тој сега ќе остане играч на „црвените ѓаволи“ до 31 јануари 2021 година, што му овозможи да започне импресивно во клубот, кој го поддржува уште од дете. Денешната потврда е бонус за менаџерот Оле Гунар Солскар, кој продолжува да го подготвува клубот за рестартирање на Премиер лигата кон средината на овој месец. Премиер лигата е предвидено да продолжи на 17 јуни, а четвртфиналето на ФА Купот е закажано за викендот од 27 до 28 јуни. Сепак, сè уште нема официјална потврда, а клубот наскоро ќе објави информации за сите натпревари на Манчестер Јунајтед, се вели во официјалното соопштение.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“