Утрински Весник
Македонија

Премиерот Спасовски негативен на коронавирус, останува во домашна изолација

Премиерот Спасовски негативен на коронавирус, останува во домашна изолација
Dik 300x250 mk

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил објави дека тестот за коронавирус што му бил направен е негативен, но оти останува во домашна изолација додека ги добие препораките од епидемиолозите.

-Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација, напиша Спасовски на ФБ.

На сите кои се соочуваат со вирусот тој им посакува брзо оздравување и апелира сите да ги почитуваат мерките, за, како што вели, да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени. сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се бара притвор за разбојник од Маџари

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад