Утрински Весник
Македонија

По четири дена без регистрирани, денес еден новозаболен во Прилеп

Во Прилеп четири кривични пријави за непочитување на полицискиот час

Прилеп, 1 јуни 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска е регистриран еден случај на новозаболен од коронавирусот. Ова е прв случај по четири дена без регистрирани заболени во градот. Регистрирано е и дека 12 пациенти оздравеле.

На инфективното одделение во прилепската болница се  хоспитализирани шест лица позитивни на коронавирусот.

Досега, во Прилеп се регистрирани вкупно 212 лица заразени со КОВИД-19. Од нив, во моментов се активнии 30, од кои 12 се на болничко, а 18 лица се на домашно лекување.

Инаку, во текот на утрешниот ден се очекувата резултатите од скринингот на вработените во детските градинки. На 28 и на 29 мај прилепскиот Центар за јавно здравје тестираше околу 230 вработени во градинките во прилеп, кривогаштани, Крушево и во Македонски Брод. ем/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош