Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Жителските кориснички договори од утре можат да се продолжуваат 24/7 во затворените паркиралишта на ЈП ПОЦ

Жителските кориснички договори од утре можат да се продолжуваат 24/7 во затворените паркиралишта на ЈП ПОЦ
Img 7972

Скопје, 01 јуни 2020 (МИА) – Жителите ќе можат на побрз и полесен начин да извадат кориснички договори за услугите на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, информираат од претпријатието. Заинтересираните ќе можат да ги извадат договорите во кое и време да посакаат во текот на неделата.

– Од утре жителите ќе можат 24/7 да склучат или продолжат кориснички договор на седум локации на територија на Општина Центар: куќарката на затвореното паркиралиште „Дом на Градежници“, куќарката на затвореното паркиралиште „Трготекстил“, куќарката на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“, куќарката на затвореното паркиралиште „Палома Бјанка“, депото на службата „Пајак“ и пунктот за наплата во катната гаража „Судска палата“. Седмата локација ќе биде на новото затворено паркиралиште „Дилајла“ во Капиштец, кое ќе се отвори наскоро, велат од ПОЦ.

Оттаму соопштуваат дека заинтересираните треба да остават документи кои ќе треба да се достават при склучување на договор за користење на повластена паркинг карта за жител (ПКЖ) и тоа копија од лична карта и копија од сообраќајна дозвола; додека потребни документи за повластена паркинг карта за жител со службено возило (ПКЖС) се: копија од лична карта, копија од сообраќајна дозвола, ППК 1 образец за користење на службено возило за приватни цели, копија од М1/М2 образец и тековна состојба од деловен субјект не постара од 6 месеци.

– Корисниците и понатаму преку новата веб платформа ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да плаќаат дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да поднесуваат рекламации и приговори, да вршат проверка на состојба на М-карта со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и плаќање на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман, информираат од ПОЦ. ир/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите