Утрински Весник
Македонија

Крушево ќе работи на проект за гасификација

Крушево ќе работи на проект за гасификација

Крушево, 1 јуни 2020 (МИА) – Крушево заедно со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе работи на изработка на проект за гасификација на градот. Програмата на УНДП го објави повикот за доставување понуди за изработка на проект.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, проектот произлегува од анкетата што ја спроведе општината, а на која 95 проценти од граѓаните се изјасниле дека е потребна гасификација. 

– Програмата на УНДП го објави тендерот и за брзо очекуваме почеток на изработка на проектот за гасификација. Со овој проект покажуваме дека работиме на современи, одржливи и решенија кои ќе ја заштитат животната средина. Над 95 отсто од анкетираните граѓани потребата од гасификацијата ја сметаат за неопходна и тоа е дополнителна потврда дека сме на вистинскиот пат со овој проект, вели Христоски. ем/бак/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Велешанка која подолго време психички и физички ја вознемирувaла својата мајка била лишена од слобода и спроведена во здравствена установ

Две лица во куќен притвор и мерки на претпазливост за седуммина кои се опфатени со истрагата за коруптивни дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Уставен суд: Прашањето за пензиите не смее да се користи како алиби за политичко влијание