Скопје, 1 јуни 2020
Светов сеуште е под опсада во неизвесност до кога ќе трае пандемијата од вирусот ковид – 19. Постојано се пренесуваат непријатни вести за заболени и жртви од оваа болест. Меѓутоа, изминативе три месеци постојано читаме за подвизи на една мала екипа, неколку лица ентузијасти кои покажаа што значи хуманост, подршка на тие во потреба во најтешките моменти, заштита на личното и грижа за сеопштото јавно здравје.
Најнапред, приоритет им беа здравствените работници, сите до еден, потоа припадниците на Министерството за внатрешни работи, пожарникарите и многу други кои беа на листата со приоритет заради природата на нивната работа и неможност за социјална дистанца.
На 30 мај 2020 год. на наше огромно задоволство добивме ДОНАЦИЈА – визири за СИТЕ вработени во Националната галерија. Немаме зборови на благодарност до момците од 3Д Принт Медицинска опрема, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и др. Ненад Лазаров. Директорката, д-р Дита Старова Ќерими го поздравува препознавањето од страна на тимот на 3Д принт за потребата од заштитна опрема за културните работници. Во име на сите вработени изразува бескрајна благодарност за донираните визири. Ние сме првата институција од областа на културата која доби ваква донација. Задоволни сме бидејки степенот на безбедност е подигнат на многу повисоко ниво во однос на заштита на здравјето на посетителите, секако и на личното здравје.
Уште еднаш, ПОЧИТ И БЛАГОДАРНОСТ!
Национална галерија на Република Северна Македонија
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.