Утрински Весник
Македонија

Административен работник во ДСЗИ позитивен на Ковид-19

Почнува масовниот скрининг за Ковид-19

Скопје, 1 јуни (МИА) – Во Државниот санитарен инспекторат е потврден еден позитивен случај на заболено лице од Ковид-19, соопштија за МИА извори од ДСЗИ, посочувајќи дека станува збор за административен работник.

Изворите наведуваат дека е направена епидемиолошка анкета, по што тројца административни работници од Инспекторатот и еден инспектор се ставени во самоизолација.

Дополнително, лицето кое е позитивно на вирусот имало контакт и со шест лица од Министерството за здравство, како и со едно лице од Инфо центарот „Мој термин“, кои, исто така, се во самоизолација. см/сп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница