Утрински Весник
Македонија

ЦИВИЛ: Најостро го осудуваме експлицитниот говор на омраза на Неделковски

Дискусија на отворено „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“

Скопје, 1 јуни 2020 

ЦИВИЛ упатува најостра осуда на вчерашните објави на Миленко Неделковски со експлицитен говор на омразата на социјалните мрежи на сметка на информацијата дека пратеникот Мухамед Зеќири и неговото семејство се позитивни на Ковид-19. Деструктивноста на пораките на Неделковски се гледа и во бројните коментари во кои дел од неговите следбеници искажуваат поддршка на говорот на омразата, радост и ситење.

Миленко Неделковски е одамна познат по изјавите со повици на насилство против неистомислениците на режимот, со говор на омразата и пораки што претставуваат ширење на национална, верска и расна омраза.

Овој пат, Неделковски на својот Фејсбук профил со радост ја повтори веста, со желба за фатални последици по животот на Зеќири и на неговото семејство!

ЦИВИЛ  најостро го осудува овој експлицитен говор на омразата, што непречено го шири Неделковски, криејќи се зад правото на слобода на изразувањето!

Креаторите на содржини и пораки, поттикнувачите, дистрибутерите и поддржувачите на говорот на омразата ги поминаа сите граници! Оваа состојба во јавноста веќе не може да се толерира и да поминува неказнето.

ЦИВИЛ бара од надлежните институции како што е МВР и Јавното обвинителство итно да постапат соодветно на законските обврски за да ја спречат и санкционираат оваа појава која сѐ повеќе зема замав. Понатаму, ЦИВИЛ ја повикува јавноста, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, да го отфрлат и осудат говорот на омразата и повиците за насилство во медиумите, социјалните мрежи и во јавните настапи.

Говорот на омразата поттикнува и дела од омраза. Во оваа состојба на загрозување на човековото здравје и фаталните последици од пандемијата, солидарноста ни е потребна повеќе од сѐ!

ЦИВИЛ – Центар за слобода

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар

Енес Ибрахим оствари официјална средба со лидерот на ЏХП, Озгур Озел во Турција

Заврши дводневниот стрип маратон „24 часовно цртање на стрип“