Утрински Весник
Македонија

Зголемени нивоата на Дрим и Бабуна, Сатеска шест пати под просекот

Зголемени нивоата на Дрим и Бабуна, Сатеска шест пати под просекот

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Врнежите што деновиве ја зафатија земјава предизвикаа извесни промени во хидролошкјата состојба. Некои реки бележат зголемувања на водостоите, а повеќето се во рамки на просекот што досега не беше случај.

Според УХМР, Бабуна кај Богомила покажува двојно покачување, а повисоко ниво за 40-на сантиметри бележи и Црн Дрим.

Сатеска и натаму останува со драстично намалено ниво, за нешто повеќе од шест пати во однос на просекот.

Кај езерата не се забележани поголеми промени. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот

Филипче му понудил на Битиќи да се врати за потпретседател на СДСМ – тој се уште размислува

НОВ ОБИД ЗА ДЕБЛОКАДА: Муцунски и Петрова-Чамова на средба во Софија