Утрински Весник
Македонија

Без вода денеска корисниците од Усје

Делови од Визбегово и Долно Лисиче денеска без вода

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Прекин во водоснабдување денеска од 9 часот имаат корисниците од Усје.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф 150 мм на бул.„Борис Трајковски“ 32/8.

Прекин во водоснабдување денеска од 9:30 часот имаат и корисниците од улиците „Румена Хаџипанзова“, „Аилска“, „Ѓорѓи Војтех“, дел од „Бранко Заревски“ и дел од „Малешевска“.

Прекинот е поради дефект на ПП хидрант ф-80мм на ул.„Румена Хаџипанзова“ 12 б.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ