Утрински Весник
Македонија

Царовска во самоизолација до 9 јуни

Царовска: Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се рециклирани кадри на Груевски

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска од денеска е во задолжителна самоизолација бидејќи минатата недела имала состанок со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.

Царовска на својот Фејсбук профил утрово напиша дека веќе направила тест кој е негативен и оти засега нема никакви симптоми, но оти согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе остане во самоизолација до 9 јуни.

– Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чуствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома. На семејството Зекири му посакувам брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот, напиша Царовска. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра

Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026″ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов