Утрински Весник
Спорт

Мурињо не смета на трансфер на Кутињо, плата на играчот е премногу висока за Тотенхем

Кутињо може да се врати во Ливерпул

Лондон, 31 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, кој игра на позајмица за Баерн, нема да замине во Тотенхем.

Тренерот на Спарси, Жозе Мурињо не е заинтересиран за трансфер на 27-годишниот играч, објави „Марка“.

Тотенхем не може да си дозволи да ја плати цената на трансферот на Бразилецот, ниту да ја плати неговата плата, која изнесува околу 15 милиони евра годишно.

Претходно беше објавено дека Кутињо е интересен за Арсенал, Челзи, Њукасл и Лестер. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Имам здравствен проблем што ме мачи во последните неколку години

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога