Утрински Весник
Спорт

Наполи е подготвен да направи попуст за Милик за клубовите во Премиер лигата

Наполи и Ливерпул се пласираа во осминафиналето на ЛШ

Неапол, 31 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик може да ја продолжи кариерата во Англија, пренесува „Ла Република“.

Според изворот, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, го отфрлил предлогот на Јувентус, затоа што не сака да го зајакне конкурентот. Сепак, Наполи може да понуди попуст за 26-годишниот Полјак за клубовите во Премиер лигата.

Беше објавено дека за напаѓачот се заинтересирани Челси, Тотенхем, Манчестер јунајтед и Арсенал.

Во тековната сезона, Милик има одиграно 22 натпревари на сите турнири, на кои постигна 12 голови. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда

Реал Мадрид го назначи Арбелоа за тренер

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководството