Утрински Весник
Македонија

Во Пијанечко-малешевскиот регион и по една недела нема нови случаи на Ковид-19

Во Пијанечко-малешевскиот регион и по една недела нема нови случаи на Ковид-19

Делчево, 31 мај 2020 (МИА) – Во четирите најисточни општини кои потпаѓаат под Пијанечко-малешевскиот регион, Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица, веќе седми ден не е регистриран нов случај на Ковид-19. Во моментот во Малешевијата, само еден потврден случај на коронавирус има во Пехчево, додека по оздравувањето на пациентот од Владимирово, во Берово не е регистриран нов случај на коронавирус.

Надлежните од овие две општини информираат дека и покрај ваквата состојба, редовно се преземаат мерки за заштита на населението од појава на евентуални нови случаи на Ковид-19.

-Единствениот позитивен пациент на коронавирус од Пехчево се опоравува и очекуваме негово оздравување, со што нема повеќе да имаме позитивни случаи на коронавирус. За да продолжи ваквата состојба, продолжуваме со стандардните мерки за заштита меѓу кои дезинфекција на просториите во сите јавни институции, здравствените домови, јавните површини меѓу кои паркови, влезови во колективни станбени живеалишта и слично, истакнаа надлежните.
Во општините од Пијанечкиот регион, Македонска Каменица и понатаму останува една од ретките општини каде од избивањето на пандемијата нема регистриран случај на коронавирус.
-Овде се вршат сите стандардни мерки за заштита, кон кои се придржува населението. што сметаме дека беа клучен фактор, пандемијата да ја одмине нашата општина, велат одговорните лица за справување со пандемијата.
Во Делчево состојбата исто така е стабилна. Освен единствениот пациент кој пред повеќе од месец дена беше регистриран во оваа општина кој за жал почина од компликации од други болести, индиции за нови случаи надлежните засега немаат регистрирано. вс/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Аца Лукас: Целата акција беше лично насочена кон мене – додека овие луѓе се на власт, нема да настапувам во Македонија

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата