Утрински Весник
Македонија

Хуманитарната организација на Горанците подели оброци на здравствените работници

Светски ден на семејните и општи лекари

Дебар, 31 мај 2020 (МИА) – Хуманитарната организација на Горанците денеска подели оброци за здравствените работници и припадниците на МВР, во знак на поддршка и почит кон нивното справување со кризата со коронавирусот, но и на барателите на азил и бездомници.

Ова, како што додаваат, е во рамки на хуманата акција која ја почнаа од почетокот на здравствено-економската криза во државата. Од организацијата нагласија дека ќе продолжат со нивните солидарни активности.

-Станува збор за поделени оброци за здравствени работници и припадници на МВР, како придонес во поддршката и израз на почит кон ангажираните во првите редови во справувањето со здравствената ситуација и заштитата на сите наши граѓани, како и баратели на азил, бездомници, што го реализиравме во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија – Пукт за бездомници, се наведува во соопштениоето на оваа хуманитарна организација.

Оттаму посочија дека подготвиле над 120 пакети со прехранбени производи за социјално загрозени семејства, ранливи категории граѓани и за децата од СОС детското село.

Хуманитарна организација на Горанците во Македонија е невладина организација, основана во декември 2018 година од неколкумина ентузијасти, луѓе од еснафот, а кои, како што наведуваат, ги обединила благородната цел да пружаат каква било помош, за која ќе имаат потреба како членовите на организацијата, така и нивните сограѓани во земјава.

-Со поддршката што ја даваме на општеството, како луѓе од еснафската дејност сакаме да ја подигнеме свеста дека за солидарност е потребна пред се волја и дека сите ние, како одговорни луѓе во нашата држава, можеме и треба да најдеме начин да работиме за заедничкото добро, стои во соопштението потпишано од претседателот Един Бајрами.

Горанците се Македонци, по потекло од областа Гора, која се протега во три држави,Северна Македонија, Косово и во Албанија.вт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Родители и блиски на жртвите во Кочани бараат Обвинителството да објасни кој е обвинет, а кој ослободен

Сведоштво на мајка на жртва од „Пулс“: Монструмот Деко се криел во скривница во објектот, а нашите деца умирале

Ослабна топлиот бран: Имаме многу попријатни температури!