Утрински Весник
Спорт

ПСЖ потпиша договор со Икарди до 2024 година

ПСЖ потпиша договор со Икарди до 2024 година

Париз, 31 мај 2020 (МИА) – Пари Сен-Жермен објави дека е откупен договорот на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди кој стана играч на францускиот шампион. Договорот важи до 30 јуни 2024 година.

Според „Скај Италија“, парискиот клуб ќе плати 50 милиони евра за 27-годишниот Аргентинец, кој беше во Париз на позајмица оваа сезона.

Миланезите можат да добијат и бонуси од седум милиони евра.

Икарди има 20 голови и четири асистенции на 31 натпревар за ПСЖ во сезоната 2019/20. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Премиер лигата го објави календарот за новата сезона

ФИФА ги објави датумите за интерконтиненталните баражи за СП2026

Македонските ракометарки со три контролни дуели