Утрински Весник
Политички Партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Радмила Шекеринска

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги понижи трудот и маката на македонскиот земјоделец

 

Скопје, 31 мај 2020 

Шекеринска и СДСМ бараат избори на 5 јули во ситуација кога бројот на заболени и починати од корона вирусот се повеќе расте. Нечовечноста на СДСМ и Шекеринска нема граници и без никаков срам сакаат да го втурнат народот во црни избори во кои ќе се бројат жртви и заболени наместо гласови.

На Шекеринска и Заев фотелјите им се поважни од животите на граѓаните и заедно со Спасовски, тие се директните виновници за зголемениот број на заразени и починати. Во ситуација кога дневно имаме по 50 заразени и неколку починати СДСМ ја лаже јавноста дека ситуацијата е под контрола и тоа било нормално.

Лудилото на Заев и Шекеринска ја втурнува државата во кланица и тие преку Спасовски и Филипче стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите.

Граѓаните и нивното здравје мора да биде приоритет број 1 во Македонија, а не зачувувањето на фотелјите на Заев и Шекеринска.

Огромните бројки на заразени и починати се последица на непреземањето мерки на СДСМ и неспособноста да ја стават болеста под контрола. Филипче и Комисијата за заразни болести наместо да работат во служба на граѓаните извршуваат нареди под диктат на Заев и глумат негови портпароли.

Со СДСМ државата оди кон здравствена катастрофа. Потребна е итна стратегија за излез од хаосот во кој не втурна СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт