Утрински Весник
Македонија

Во Штип и Карбинци 14 новозаразени, меѓу кои и две деца

Во Штип и Карбинци 14 новозаразени, меѓу кои и две деца

Штип, 31 мај 2020 (МИА) – По масовното тестирање на текстилните работнички од конфекцијата, но и на работничките од други конфекции кои се превезувале во истите автобуси, денеска во здравствениот билтен се регистрираат 14 новозразени во Штип и Карбинци, од кои две се деца на возраст од една и три години.

Според епидемиолозите, во тек е анкетата за да се утврди дали децата се поврзани со овој кластер, или со друг. Денеска ќе се изврши тестирање на родителите на двете деца. По денешните нови случаи Центарот за јавно здравје – Штип денеска упати уште еден апел.

-Состојбата со пандемијата не погодува сите, па така и најмладите. Меѓутоа и другарувањето на отворен простор мора и треба да има свои ограничувања. Задолжително треба да се избегнува групирањето во групи поголеми од две лица, носењето на заштитна маска е задолжително и на отворено кога не е возможно да се одржи потребната физичка дистанца од 1,5 до 2 метри. Одржувањето на хигиената на рацете и личната хигиена е од клучно значење за заштита од овој вирус, се вели во апелот од Центарот за јавно здравје – Штип.

Оттаму потенцираат дека забележаниот пораст на помлади лица и деца заболени од коронавирусот, како и континуираниот раст на заболени во општата популација, не можат а да не упаат апел и потсетување дека и децата се изложени на ризик

Посочуваат дека прилагодувањето на новите услови на живот кои се рестриктивни за сите, е навистина тешко, но е од големо значење за да го спречиме ширењето на вирусот.вдј/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Kрис Павловски за премиерот Мицкоски: Одлична личност и домаќин кој прифаќа идеи

Петрушевски: Законот на СДСМ за Кочани е неприменлив и политички мотивиран, не е во интерес на граѓаните

Таравари: Доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму