Утрински Весник
Македонија

Земјотрес во Корча почувствуван и во земјава

Почувствувам земјотрес во југозападните делови на Северна Македонија, епицентарот во Албанија

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 165 километри југозападно од Скопје, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча, Албанија, попладнево е почувствуван во земјава.

Ккао што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран денеска во 17 часот и 35 минути.

Земјотресот е со 3.5 степени по Рихтер, а бил почувствуван во југозападните делови во земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. дма/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар над селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција

МВР објави видео од марихуаната која беше запленета од меѓународната криминална група

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари