Утрински Весник
Македонија

Ќе се земаат епидемиолошки анкети од семејството на починатиот од КОВИД-19 кој не бил погребан според протоколот

Нови 25 случаи на КОВИД-19, тројца починати

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска ќе направи акција за земање епидемиолошки анкети од семејството на лицето кое почина во приватна болница и кое не било погребано по протокол за КОВИД-19, иако посмртниот брис му бил позитивен.

-За овој случај, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.
Во моментов, осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран коронавирусот, се наведува во соопштението од Министерството за здравство. дма/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По пријава за семејно насилство, откриено автоматско оружје во Скопје, поведена истрага

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен

Тешка кражба во продажен објект во Струга