Утрински Весник
Македонија

Владата донесе протоколи за градинките, факултетите, основните и средните училишта

Владата донесе протоколи за градинките, факултетите, основните и средните училишта

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на Одлуката за мерки за спречување Ковид-19, како и протокол за активности во установите за згрижување и воспитување деца по престанување на траењето на вонредната состојба, протокол за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение, за запишувањето ученици во средните училишта во учебната 2020/2021 година, протокол за Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 година, како и протокол за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во нивниот состав, при изведување на испитите и полагањето во просториите на високообразовните установи (јавни и приватни).

-Активностите, начинот на работа и условите поврзани со воспитно-образовниот процес во сите установи за згрижување и воспитување деца –  градинки и центри за ран детски развој се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за труд и социјална политика, кој е даден во Прилог број 9 и е составен дел на оваа одлука, наведуваат од Владата.

Активностите, начинот на работа и условите поврзани со постапката за запишување ученици во прво одделение во основните училишта и во прва година во средните школи за учебната 2020/2021 година се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 10 и Протоколот за постапување на средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година кој е даден во Прилог број 11 и се составен дел на оваа одлука.

Според Владата, активностите, начинот на работа и условите поврзани со постапувањето на Математичко – информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на ученици во учебната 2020/2021 година се утврдуваат во и одвиваат с о задолжително почитување на Протоколот за постапување на Математичко  информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на ученици во учебната 2020/2021 година од Комисијата за заразни болести ПР И Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, ко) е даден во Прилог број 12 и е составен дел на оваа одлука.

-Активностите, начинот на работа и условите поврзани со изведувањето на испитите во просториите на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија, односно единиците во состав на истите се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во состав на истите при изведување на испитите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 13 и е составен дел на оваа одлука, информира владината прес-служба. мч/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот