Утрински Весник
Македонија

Советот за безбедност одлучува за вонредната состојба

Советот за безбедност одлучува за вонредната состојба

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Во претседателската вила „Водно“ почна седницата на Советот за безбедност на која треба да се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

Денеска беше последниот ден кога истекува третата, двонеделна вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, поканет е и министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост. сст/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница