Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – На 29.05.2020 во 19.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(21) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена опојна дрога – марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.05.2020 во 09.40 часот во Полициското одделение Мирковци, вработен во погребален сервис Бутел пријавил дека на гробиштата од црквата Св.Никола во с.Мирковци, додека копал за гробно место, пронашол граната со должина од околу 30 см. Увид бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
На 29.05.2020 во 21.00 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го пронашле Д.Т.(16) од Скопје за кој истиот ден во 02.00 часот неговата мајка Ж.Т.(42) од Скопје пријави дека се оддалечил од домот. Тој бил предаден на неговата мајка.
На 29.05.2020 во 12.30 часот на регионалниот пат Гевгелија-Дојран, на крстосница „Ѓавато“, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица забележале патничко возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки во кое се превезувале поголем број на лица и кое се движи од Богданци кон Гевгелија. Полициските службеници со возило се упатиле кон него. На крстосницата Гевгелија возилото се вклучило на автопатот кон Скопје, а на крстосницата с.Миравци–с.Милетково, поради неприлагодена брзина, излетало од патот. После тоа, возачот побегнал. Во возилото биле понајдени 13 лица мигранти од Бангладеш кои биле приведени во Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица. Набргу потоа, возачот бил пронајден и предаден во СВР Струмица. Се работи за Б.Ј.(22) од Богданци. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.05.2020 околу 20.00 часот на ул.„Васил Иљоски“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву тико“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(46) од Велес и мотоцикл „квики“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.П.(27) од Велес. По незгодата, возачот на мотоциклот бил пренесен во ЈЗУ-Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од СВР Велес.
На 29.05.2020 во 09.50 часот во Полициската станица Центар, Г.С.(28) од Тетово пријавил дека во Градски Парк, во близина на бараките на Град Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 29.05.2020 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Ј.(34) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.бт/