Утрински Весник
Спорт

ПСЖ понуди 60 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

ПСЖ подготвува понуда за Милинковиќ-Савиќ, го вклучува и Паредес во зделката

Париз, 30 мај 2020 (МИА) – Пари Сен-Жермен излезе со понуда за фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесува Goal.com.

Според извор, парижаните се подготвени да платат 60 милиони евра за 25-годишниот Србин.

Оваа сума е за 10 милиони помалку од она што го бара римскиот клуб за предвремен прекин на договорот со играчот.

Милинковиќ-Савиќ има пет гола и седум асистенции на 31 натпревар за Лацио во сезоната 2019/20.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на фудбалерот на 64 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката