Утрински Весник
Македонија

Општина Велес набави уште 1660 канти за комунален и селективен отпад за домаќинствата

Општина Велес набави уште 1660 канти за комунален и селективен отпад за домаќинствата

Велес, 29 мај 2020 (МИА) – Општина Велес набави уште 1.660 канти со зелана и жолта боја за комунален и селективен отпад за 2020 година.

Градоначалникот Аце Коцевски информира дека во соработка со ЈКП „Дервен“ веќе се распределени над 500 канти за отпад на граѓаните на улиците „Љубљанска“, „Борис Трајковски“, „Крсте Мисирков“, „Јордан Хаџи – Константинов –Џинот“, сателитската населба на езеро Младост и во село Новачани.

Тој соопшти дека во селото  Новачани за првпат е воведена услуга за собирање на отпад која жителите ќе ја добиваат двапати неделно.
Во завршна фаза се и подготовките за поставување на уште  пет подземни контејнери на четири локации во Велес.

Извршен е избор на економски оператор за изградба на 5 подземни контејнери на 4 локации во градот, со што се очекува влијанието на отпадот во урбаната средина да се намали, а животната средина да се унапреди, појасни Коцевски. ад/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина