Утрински Весник
Македонија

Општина Велес набави уште 1660 канти за комунален и селективен отпад за домаќинствата

Општина Велес набави уште 1660 канти за комунален и селективен отпад за домаќинствата

Велес, 29 мај 2020 (МИА) – Општина Велес набави уште 1.660 канти со зелана и жолта боја за комунален и селективен отпад за 2020 година.

Градоначалникот Аце Коцевски информира дека во соработка со ЈКП „Дервен“ веќе се распределени над 500 канти за отпад на граѓаните на улиците „Љубљанска“, „Борис Трајковски“, „Крсте Мисирков“, „Јордан Хаџи – Константинов –Џинот“, сателитската населба на езеро Младост и во село Новачани.

Тој соопшти дека во селото  Новачани за првпат е воведена услуга за собирање на отпад која жителите ќе ја добиваат двапати неделно.
Во завршна фаза се и подготовките за поставување на уште  пет подземни контејнери на четири локации во Велес.

– Извршен е избор на економски оператор за изградба на 5 подземни контејнери на 4 локации во градот, со што се очекува влијанието на отпадот во урбаната средина да се намали, а животната средина да се унапреди, појасни Коцевски. ад/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал