Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ доби признание за промоција на интересите на Србија во светот

Ѓоковиќ доби признание за промоција на интересите на Србија во светот

Белград, 29 мај 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, одбележувајќи го Денот на дипломатијата, му врачи на тенисерот Новак Ѓоковиќ признание за исклучителен личен ангажман и придонес во унапредувањето на интересите на Србија и нејзините граѓани во светот, соопштија од српското МНР.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ му оддаде признание на Новак Ѓоковиќ за целокупниот придонес во дипломатијата, доделувајќи му ја наградата за исклучителен личен ангажман и придонес во унапредувањето на интересите на Република Србија.

– Согласно веќе воспоставената практика, денеска ќе доделиме повелби за извонреден личен ангажман и придонес во промовирање на интересите на нашата земја и нејзините граѓани во светот. Оваа година, имам голема чест да му доделам признание на нашиот славен тенисер и жива легенда Новак Ѓоковиќ, кој е доказ дека спортистите се можеби најдобрите амбасадори на нашата земја во светот, како и на Драган Тодоровиќ, кариерен дипломат и еден од најдобрите амбасадори во нашата дипломатска служба, кажа Дачиќ. об/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност